Tevfik Durul
03 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот претседател Си Ѓипинг изјави дека билатералните односи меѓу Кина и Русија се на најдобро ниво досега, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на дводневната официјална посета на Русија, првиот човек на најнаселената земја на светот, Си, се пофали пред кинеските медиуми дека е близок пријател на претседателот Владимир Путин и оти тоа пријателство Кина го користи за јакнење на довербата и за интензивирање на стратешките билатерални односи на сите полиња.
Кинескиот претседател Си изјави дека во наредниот период Кина и Русија дополнително ќе ја интензивираат соработката и во реализацијата на иницијативата за повторно оживување на историскиот Пат на свилата, што има за цел да се зајакне регионалната соработка на полето на енергетика, трговијата, технологијата и финансиите.
„Кина и Русија се најдобар и најсигурен сојузник и партнер една за друга. Нашите билатерални односи минуваат низ најдобриот период досега“, изјави Си.
Кинескиот претседател по официјалната посета на Русија ќе отпатува во Германија, поточно во Хамбург, и ќе присуствува на Самитот на лидерите на земјите Г20, кој ќе се одржи на 7. и 8. јули.