Gökhan Ergöçün
20 Декември 2018•Ажурирај: 22 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“(Turkish Airlines) наскоро ќе го удвои бројот на летовите од аеродромот „Истанбул“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ќе продолжиме да растеме во нашиот нов дом, аеродромот „Истанбул“, кој досега им служеше на над 66.000 патници“, напиша на социјалната мрежа Твитер, извршниот директор на авиокомпанијата, Билал Екси.
Тој истакна дека авиокомпанијата на својот распоред ќе додаде нови домашни и меѓународни летови од новиот аеродром „Истанбул“, за кого рече дека претставува гордост.
Аеродромот „Истанбул“, чија прва фаза беше отворена на 29 октомври, има капацитет од 90 милиони патници годишно.
Овој капацитет ќе се зголеми на околу 150 - 200 милиони патници со завршувањето на втората фаза до 2028 година.