Gamze Türkoğlu Oğuz
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Постојат наводи дека во рамките на истрагата во врска со минатогодишната афера за корупција во Саудиска Арабија, во која принц и бизнисмени беа држени во хотелот со 5 ѕвездички „Риц Карлтон“ во Ријад, дека 45 од нив сѐ уште се наоѓаат во притвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во статијата објавена во „Вашингтон пост“, авторите Кевин Саливан и Керим Фехим пишуваат дека иако нема официјални информации, сѐ уште во притвор се држи 47-годишниот саудиски принц Турки ел Фејсал.
Во статијата се вели дека генерал-мајорот Али ел Кахтани, висок помошник на принцот Турки ел Фејсал, кој е обвинет за корупција во врска со изградбата на метрото во Ријад, починал додека бил во притвор, посочувајќи дека до ден денешен останале необјаснети околностите на неговата смрт.
Саудиското обвинителство, во рамките на истрагата конфискуваше 106 милијарди долари готовина, имот, бизниси и хартии од вредност, а други информираат дека во рамките на истрагата, 56 лица се во притвор. Од друга страна, саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман, минатиот месец на ТВ-каналот „Bloomberg News“ информирал дека во врска со истрагата, во притвор се наоѓаат 8 лица, додека во статијата, авторите тврдат дека 45 лица поврзани со целиот случај сѐ уште се држат зад затворени врати во хотелот.
Во статијата се вели дека дел од обвинетите поврзани со корупција, кои се појавиле во текстовите на различни медиумски институции, се наоѓаат во затворот „Ел Хајр“ со висока безбедност, сместен јужно од Ријад, додека останатите, под услов да носат електронски лисици, се држат во приватни домови. Според семејствата, пријателите и организациите за човекови права, дел од обвинетите коишто подолг период се наоѓаат во притвор или се соочуваат со други казни, често им предавале голем дел од нивната сопственост на саудиските власти коишто им бараат пари.
Во статијата се истакнува дека според организациите за човекови права и експертите, минатонеделното ослободување на 56-годишниот Халид бин Талал, кој беше еден од принцовите приведени во рамките на „истрагата за корупција“, е дел од планот на престолонаследниокот Мухамед бин Селман, со цел намалување на меѓународниот гнев по убиството на Џамал Кашоги, и се додава дека се подготвува ослободување на повеќе луѓе. Во статијата му се отстапува место и на Саудиецот Јахја Асири, активист за човекови права кој живее во Лондон, кој вели: „Не го сакаат тоа, но се наоѓаат под притисок. Ќе го направат тоа за намалување на притисокот“.
Простор во статијата му се дава и на експертот на Организацијата за набљудување на човековите права на Блискиот Исток, Адам Кугл, во врска со ослободувањето на Халид бин Талал, кој вели дека тоа е „обид да се прикаже семејно единство“.