Övünç Kutlu
22 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Голема снежна бура, која за време на последните три недели погоди голем број региони на САД, погоди околу 70 лица на североисточниот дел на земјата, јавувa Anadolu Agency (AA).
Обилните снежни врнежи и бурата прво ги погодија Филаделфија и Вашингтон, а до утринските часови веќе стигнаа и до Њујорк.
Во престолнината Вашингтон, поради големата снежна бура, беа затворени институциите на федералните власти, додека наставата во училиштата во сите три градови е прекината.
Снежната бура, исто така, предизвика прекин на метро-линиите на пошироко подрачје на Њујорк, додека сообраќајот во Њу Џерси беше значително нарушен.
Метеоролозите предвидуваат дека бурата ќе се движи кон сојузните земји Конектикат, Масачусетс и Мејн.
Издадено е и предупредување од поплави во градовите на брегот на Атлантскиот Океан.
Мрежната страница „Flightaware“ објави дека од вторникот вечерта биле забележани доцнења на речиси 25 илјади летови низ САД.
Во вторникот во земјата беа откажани околу 1.100 летови, а вчера околу 4.800.
Потсетуваме, поради бурите, кои го погодија североисточниот дел на САД, во почетокот на март се откажани над девет илјади летови, додека два милиони жители останаа без електрична енергија.