Yusuf Hatip
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Преговарачот на Европската Унија во процесот на излез на Велика Британија (Брегзит), Мишел Барниер, изјави дека официјален Лондон по завршувањето на процесот ќе може да аплицира за повторно членство во Унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„ЕУ е подготвена на отстапки, доколку Велика Британија има волја да ги помести своите црвени линии во процесот на Брегзит. Паралелно со тоа, по Брегзит, Велика Британија ќе може, како и сите трети земји да аплицира за повторно членство во Унијата“, порача Барниер денес од Брисел.
Сѐ е поверојатно дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без постигнување договор за идните односи меѓу Лондон и Брисел.
Барниер денес изјави дека таквото сценарио би ги довело во неизвесна положба луѓето кои живеат и работат во Велика Британија, а кои доаѓаат од земјите членки на ЕУ.
Со референдумот во јуни 2016 година Велика Британија одлучи да ја напушти ЕУ, а двегодишниот процес на отстапување официјално започна на 29 март минатата година.
Иако се покренати голем број петиции за оддржување нов референдум, британската премиерка Тереза Меј е истрајна во спроведувањето на Брегзит и отстапувањето од блокот заклучно со 29 март наредната година.