Bayram Altuğ
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Од почетокот на годината над 100.000 мигранти преку Медитеранот дојдоа до Европа, а околу 2.000 лица го загубија својот живот на тој пат, велат податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на ИОМ, Џоел Милман, во Женева изјави дека во 2018 година околу 50.000 мигранти пристигнале во Шпанија, 27.000 во Грција, а 22.000 во Италија.
Според неговите зборови, оваа година на тлото на Европа пристигнале 155.000 мигранти од различни делови на светот. Милман истакна дека на тој пат животот го загубиле 1.989 лица.
Тој потсети дека во истиот период минатата година во Европа пристигнале 155.000 мигранти, а во водите не Медитеранот животот го загубиле 2.960 лица.
Портпаролот на УНХЦР, Чарли Јексли, потсети дека оваа недела се пронајдени 13 тела на мигранти кои се обидувале со чамци преку Средоземното Море од северна Африка да стигнат до Шпанија.
Тој порача дека Средоземното Море во последните години станало најсмртоносно море за мигрантите кои се обидуваат да дојдат до Европа.