Satuk Buğra Kutlugün
06 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Четворица терористи на ПКК се неутрализирани во два одделни воздушни напади во источна и југоисточна Турција, се вели од турскиот Генералштаб денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објава на социјалната мрежа Твитер, од Генералштабот се истакнува дека воздушните напади биле извршени во подрачјето Догубејазит во источната област Агри и подрачјето Нусајбин во југоисточната област Мардин.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 лица.