Gökhan Ergöçün
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Според Турскиот институт за статистика, ТуркСтат, бројот на имигранти во Турција се зголемил за 22,4 отсто со што бројката во текот на изминатата година се зголемила на 466.333, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од ТуркСтат се вели дека во 2017 година 52,3 отсто од имигрантите биле мажи, а 47,7 отсто жени.
„Од сите имигранти 26,6 отсто сочинуваат ирачките државјани, 10,4 отсто се Авганистанци, 7,7 отсто Сиријци, 5,7 отсто Азербејџанци и 5,6 отсто државјани од Туркменистан“, се додава од ТуркСтат.
„Забележано е дека во текот на 2017 година 12,3 отсто од имигрантската популација била во старосната група 25-29 години. По оваа група следува старосната група 20-24 години со 11,6 отсто и старосната група 30-34 години со 10,8 отсто“, се вели од ТуркСтат.
Истанбул има најголема бројка на имигранти, односно 166.044 лица. По Истанбул следуваат Анкара со 46.475 и медитеранскиот град Анталија со 21.888.
Во меѓувреме, во овој период 253.640 лица (54 отсто мажи и 46 отсто жени), емигрирале од Турција во 2017 година, што е за 42,5 отсто повеќе од 2016 година.
Ирачаните го зазедоа првото место во оваа група со 20,4 отсто, Азербејџанците 7,5 отсто, Сиријците 6,7 отсто, Авганистанците 4,6 отсто и Кинезите 4,5 отсто.
„Кога беше анализирана возраста на емигрантската популација, 15,5 отсто од нив биле во старосната група 25-29 години. По оваа група следува старосната група 20-24 со 14,4 отсто и старосната група 30-34 години со 12,3 отсто“, се додава од ТуркСтат
Од Истанбул емигрирале 75.849, 27.379 од Анкара и 15.056 од Анталија.
Според официјалните податоци, Турција исто така е домаќин на најголемиот број бегалци во светот, со бројка од речиси 4 милиони. Бројот на сириските бегалци кои живеат во земјата од јули изнесува 3,54 милиони.