Ayhan Şimşek
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, пред претстојните средби во Анкара денес истакна дека Германија сака да ги унапреди односите со Турција и да ја интензивира соработката за прашањата од заеднички интерес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Германија има стратешки интерес во реобликувањето на нашите односи со Турција на конструктивен начин. Турција е важен партнер за Германија“, истакнува Мас.
Германскиот министер денес треба да се сретне со неговиот турски колега, Мевлут Чавушоглу, и со други високи претставници во Анкара.
Во изминатите две години, политичките односи помеѓу Анкара и Берлин назадуваа, но во последните месеци двете страни презедоа чекори кон подобрување на односите.
Посетата на Мас на Турција се случува пред посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Берлин на 28 и 29 септември.
Германија останува главниот економски и трговски партнер на Турција, и покрај политичките несогласувања помеѓу двете влади за бројни прашања.