Nazlı Yüzbaşıoğlu
04 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со американскиот државен секретар Мајк Помпео, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинар на АА од дипломатски извори, турскиот министер Чавушоглу денес телефонски разговараше со Помпео.
Иако не е познато за што двајцата министри конкретно разговарале, изворите наведуваат дека телефонскиот разговор го побарала американската страна.