Ahmet Salih Alacacı
04 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес во Анкара го пречека специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија, Џејмс Џефри, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот зад затворени врати, Акар предупредил во врска со делувањето на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.
Тој, исто така ја пренесе намерата на Турција за продолжување на заштитата на безбедноста и регионалните интереси во согласност со меѓународното право, како и потребата за целосно ослободување на регионот од терористичката организација.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 лица.