Zafer Çakmak
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турски воени авиони ги бомбардираа позициите на терористичките организации ПКК во северните делови на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дознава АА, откако се откриени новите позиции на терориститe на ПКК во северните делови на Ирак, Кандиму, Хакурку и Авасину, следеше акција на турски воздушни напади.
Нападот започнал синоќа околу 23.часот а во него учествувале четири авиони од типот 'F-16' и 14 авиони 'F-4 2020'. Во нападот во потполност се уништени засолништата и подземните магацини на терористите на ПКК.
Нападот е завршен во еден часот и 40 минути по полноќ.