Nilay Kar
05 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
БУСАН (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, пристигна во официјална посета на Јужна Кореја, организирана по повод јубилејната 60. годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим допатува во градот Бусан, во југозападниот дел од земјата, каде што ја започнa официјалната посета со оддавање почест во Меморијалниот центар на Обединетите нации кој е изграден во чест на 462 загинати турски војници во Корејската војна.

Турскиот премиер во текот на денот ќе отпатува во Сеул и ќе состане со својот јужнокорејски колега Ли Нак-јеон, а најавена е негова средба и со челникот на парламентот на Јужна Кореја, Чунг Суе-кјун, и со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин.
Јилдирим во Јужна Кореја предводи бројна турска делегација во која се турскиот министер за наука, индустрија и технологија Фарук Озлу, министерот за економија, Нихат Зејбекџи, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак и заменик-претседателот на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) Хамза Даг.
Шефот на турската влада со корејските официјални лица ќе разговара за билатерални теми, како и за глобалните прашања како што е борбата против тероризмот.