Muhammet Nazım Taşcı
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
СЕУЛ (АА) - Во изминатите 24 часа во Кина се откриени 61 нов случај на Ковид-19, додека во Јужна Кореја 25 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека од вкупно 61 нов случај, четири се лица кои допатувале од странство, и дека во истиот период немало нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени е зголемен на 83.891, додека бројот на починати останал непроменет, односно 4.634.
Во земјата досега се излекувани 78.918 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Бројот на активни случаи во земјата е 339.
- Јужна Кореја -
Од јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести е соопштено дека во текот на изминатиот ден регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19, од кои 16 кај лица кои допатувале од странство.
Соопштено е дека вкупниот број на заразени се зголемил на 14.175, а од вирусот во земјата досега оздравеле 12.905 заразени.
Во последните 24 часа евидентиран е еден смртен случај од Ковид-19, а досега во земјата од последици предизвикани од Ковид-19 починале 299 лица.
Во последниот период во Сеул и околината најголем број случаи на Ковид-19 се забележани кај граѓаните кои посетувале ноќни клубови, цркви, кај вработени во магацин на компанија за електронска трговија и кај продавачите на пазарите.