Bedrudin Brlyavac
05 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Врховниот суд на САД дозволи полна примена на забраната за патување за шест муслимански земји која ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Според оваа одлука, на администрацијата на Трамп во потполност ѝ се дозволува примена на забраната на патување во САД на државјаните на шест земји со мнозинско муслиманско население.
Судиите, со два гласа против, вчера соопштија дека забраната би можела да биде спроведена и покрај правните постапки против забраните кои се водат пред судовите.
Забраната се однесува на државјаните на Иран, Либија, Сомалија, Чад, Сирија и Јемен.
Трамп на почетокот од 2017. година воведе забрана за патување на државјаните на споменатите мнозинско муслимански земји. Забраната за патување не се однесува единствено на посебните категории, како што се дипломатите.