Sertaç Bulur,Orhan Onur Gemici
05 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Се дознава дека во воздушната акција на турските воздухопловни сили против терористичката организација ПКК во Ширнак, меѓу неутрализираните терористи се наоѓа и Зозан Темир, позната под кодното името „Зозан Џуди“, која западните медиуми ја промовираа како членка на ЈПЖ (женски огранок на ЈПГ) која се бори против ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносни извори, во подрачјето Бестлер-Дерелер во Ширнак, на 15 ноември е извршена воздушна акција, при што се неутрализирани 7 терористи чиј идентитет не бил познат. Започнат е процес за идентификација на неутрализираните терористи, при што е утврдено дека меѓу нив се наоѓа и Зозан Темир, позната под кодното име „Зозан Џуди“.
Жената терористка, која е позната по своите активности во рамките на меѓународната коалиција предводена од САД, за време на настаните во Кобани, во Европа и во САД беше промовирана како „20-годишна Сиријка 'Зозан Џуди', родена во Камишли, членка на ЈПЖ, која се заколнала дека ќе го уништи ДЕАШ“.
Безбедносните сили истакнуваат дека случајот на Зозан е најдобар доказ дека постои поврзанот меѓу терористичките организации ПКК и ПЈД/ЈПГ-ЈПЖ, и покажува дека имаат заеднички овласувањата, идеологијата, членство и ресурси.