Adham Kako,Muhammed Shekh Yusuf
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека минатата година во Сирија над 4.000 лица, од кои половина деца и жени, загинале во извршените 374 масакри, од кои 129 извршени од страна на режимот на Башар ал-Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изшетајот на СНХР за извршените напади кои се опишуваат како масакри, се наведува дека минатата година вкупно 4.006 лица го загубија својот живот од кои 1.431 деца и 752 жени, во најмалку 374 масакри извршени од страна на Асадовиот режим, Русија, коалицијата за борба против терористичката организација ДЕАШ, терористичките организации ПЈД/ПКК и ДЕАШ, како и во масакрите извршени од страна на неидентификувани лица.
Според овој извештај, Асадовиот режим ивршил 129 масакри, силите на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ 113, Русија 83, ДЕАШ 19, терористичката организација ПЈД/ПКК 4, како и неидентификуваните групи извршиле 26 масакри.
Се истакнува дека во нападите на режимот смртно страдале 1.174 лица, во масакрите на руските сили кои му давале воздушна поддршка на режимот загинале 990 лица, во масакрите на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ под водство на САД животот го загубиле 1.200 цивили, во масакрите на терористичката организација ДАЕШ загинале 210 цивили.
33 лица загинале во масакрите на терористичката организација ПЈД/ПКК, додека 399 лица биле масакрирани од страна на неидентификувани групи.