Ömer Aydın
09 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
СТРАЗБУР (АА) - Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) соопшти дека е одбиено барањето на Турција за итен состанок со цел да се привлече внимание на насилството на коешто се изложени араканските муслимани, јавува Anadolu Agency (AA).
Сер Роџер Гејл, в.д. претседател на ПССЕ, на отворањето на Генералното собрание на ПССЕ во Стразбур соопшти дека се одбива барањето на турската делегација за итна средба во врска со тешката хуманитарна состојба во којашто се наоѓаат араканските муслимани. Тој истакна дека предлогот на Турција е разгледан на состанок на Претседателскиот совет на ПССЕ.
Гејл пренесе дека барањето за итна средба е одбиено, и додаде дека немало никаков приговор на одлуката донесена на пленарната седница.
Инаку, целта на ова барање беше на пленарната седница на ПССЕ да се дискутира во врска со ситуацијата на араканските муслимани, кои бегаат од нападите од страна на мјанмарската војска и будистичките фанатици.
Од друга страна, Генералното собрание на ПССЕ го прифати предлогот за итна дискутсија за референдумот во Каталонија и за новиот Закон за образование на Украина.