Ekipa
12 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
СТРАЗБУР (АА) - Француската полиција за време на потерата по напаѓачот на Божиќниот пазар во Стразбур уапси пет лица, но напаѓачот и понатаму е на слобода, изјави денес Лоран Нунез, секретарот на Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нунез за радиото „France-Inter“ изјави и дека напаѓачот можел да побегне во соседна Германија, додавајќи дека во синоќешниот напад се убиени три лица, а дека 13 се повредени, од кои осум сериозно.
Нунез ги негираше наводите на медиумите за полициска интервенција во познатата Градска катедрала, но нагласи дека потрагата и понатаму е во тек. Тој додаде дека осомнечниот за нападот им е познат на истражните органи и дека во минатото бил во затвор, но дека мотивот останува нејасен. Изјави и дека е отворена истрага за тероризам.