Ekipa
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Шефот на палестинската дипломатија, Ријад ал-Малики, го повика денеска раководството на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИК) да одржат заедничка средба и разговори околу актуелната ситуација во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикот за средба меѓу двете организации дојде по последните извештаи кои укажуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп подготвува признавање на Ерусалим како главен град на Израел.
Ал Малики по тој повод оствари телефонски разговор со лидерите на Арапската лига и на ОИК, Ахмед Абул-Геит и Јусеф ал-Отхаимен.
Тој предупреди дека американското признавање на Ерусалим како главен град на Израел ќе доведе до усложнување на кризата на Блискиот Исток.
Трамп за време на минатогодишната изборна кампања вети дека за време на својот мандат ќе ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.