Eşber Ayaydın
13 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
ИЗМИР (АА) – Истражувачот за надворешна политика од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (ЦЕТА), Џан Аџун, во изјава за АА рече дека ПЈД – продолжената рака на ПКК во Сирија, од средината на 2014 година, под изговор дека се бори против ДЕАШ во борбата предводена од САД и другите западни држави, заедно со режимот на Асад договара воени ангажмани, јавува Anadolu Agency (AA).
Ставот на Аџун е дека од 2014 година, САД ја помага ПЈД со оружје и муниција.
„Специјалните воени сили на САД даваат поддршка и со обуки за оружјето. ЈПГ поминува низ цел еден процес на обуки од страна на САД. САД и другите западни држави ги обезбедуваат ПЈД најпрво со антитенковско и ракетно оружје, а потоа и со друго тешко оружје, тактичка опрема и мини-беспилотни летала за ПКК, за што постојат докази. Организацијата го користела оружјето и муницијата особено при рововска борба. Исто така има докази и разузнавачки информации дека во некои терористички напади е употребувано оружјето од ПЈД. Оттука, ПЈД земајќи оружје и муниција од западните држави, ѝ овозможува на ПКК да го користи оружјето во Турција“, рече Аџун и посочи дека откако ќе преминат во Сирија, терористите на ПКК од Турција и од Ирак се претставуваат како ЈПГ.

- „Нема разлика меѓу ПЈД и ПКК“ -
Посочувајќи дека нема разлика меѓу ПЈД и ПКК, Аџун рече: „Пренесувањето на оружјето се случува долж границата на Турција со Сирија, и тоа најфреквентно во граничниот регион Ширнак/Џизре - Сирија, во руралните предели Амуде/Камишли – Мардин/Нусајбин и во планинските региони Ајн ел – Арап – Суруч и Африн – Аманос. Преку овие области преминуваат и милитанти“.
Аџун нагласи дека ПЈД профитира од хаосот во Ирак и во Сирија.
„Организацијата може да набави оружје од пазарот за оружје. Покрај ова, можат да набават и од ирачката армија, шиитската милиција, КЈБ – пешмергите и од режимот на Асад. САД пак, преферираат да ја снабдуваат ЈПГ со оружје од туѓо производство наместо со свое, и најчесто ги снабдува со оружје од руско потекло“.
Аџун пренесе дека САД трансферот на оружје го изведуваат преку аеродромот што го изградија во регионот Римела, Хасеки и додаде оти САД се исто така одговорни за испораката на оружје на ПЈД од овој регион.
Тој истакна дека САД имаат логистички бази во Тел Абјад, Ајн ел-Арап (Кобане) и во Тишрин, и според него, оттука по потреба испорачуваат оружје за ЈПГ.
- „Организацијата заедно со сирискиот режим владее од градот Камишли“ -
Џан Аџун изјави дека градот Камишли има улога на ’главен град’ за продолжената рака на ПКК во Сирија, ПЈД и нејзината воена структура ЈПГ, во наводниот кантон Џезира формиран од терористичката организација.
Тој нагласи дека терористичката организација формирала еден вид внатрешна полициска организација и според него, центарот на специјалните сили е токму овде.
„Овде се административните структури, наводните министерства и центарот на локалното управување. Тој е главен град на федерацијата што ја прогласија“, истакна Аџун.
Аџун забележа дека организацијата се раководи од Камишли, преку наводни високи управители на ПКК.