Hatice Kesgin
14 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турската војска денес соопшти дека турските авиони неутрализирале терорист на ДЕАШ во северниот дел на Сирија, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во воздушните напади врз објекти на ДЕАШ во северниот дел на Сирија, турските авиони нападнаа и уништија 84 позиции, се истакнаува во соопштението на Турските вооружени сили.
Турските вооружени сили соопштија дека цел на нападот биле засолништа, одбранбени позиции, командани и контролни објекти.
Покрај тоа, цел на нападите на турските авиони беа и 10 позиции во регионите Ал Баб и Кабр ал Мугри.
Меѓу целите се вбројуваат девет засолништа, еден погон за изработка на автомобил-бомба, како и неколку магацини.
Денес е 113. ден од почетокот на операцијата, којашто започна кон крајот на август со цел да се зајакне безбедноста, да се поддржат коалициските сили и да се елиминираат терористичките закани долж турската граница.