Adham Kako
08 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
АНКАРА (АА) - Во новиот воздушен напад на силите на сирискиот режим на Башар ал-Асад и нивните сојузници во Источна Гута, загинаа 28 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локалната Цивилна заштита за АА соопштија дека и покрај примирјето, силите на Асад и нивните сојузници ги продолжиле нападите врз енклавата Источна Гута.
Од раните утрински часови, силите на Асад со сојузниците започнаа воздушни напади врз населените одрачја Дума, Хареста, Сакба, Арбин, Хамурије, Беит Сава и Џисрин.

Во нападите на режимските и руските авиони на Хамурије, во вечерните часови загинаа 20 цивили, главно жени и деца.
Покрај тоа, во денешните напади врз Сакба загинаа четири цивили, тројца од Џисрин и еден цивил од Хамурује.
Во денешните воздушни напади на силите на сирискиот режим на Башар ал-Асад и нивните сојузници врз Источна Гута, загинаа вкупно 28 цивили.

Ранетите лица, со помош на припадници на Цивилната заштита, беа префрлени во болница.
Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи нападите во регионот продолжуваат.
Во нападите на подрачјето на Источна Гута во изминатите 17 дена загинаа 862 цивили.
Потсетуваме, Источна Гута е под контрола на сириската опозиција, а подрачјето е под целосна опсада од режимските сили, речиси шест години.
Во последниве месеци, силите лојални на режимот ги интензивираа нападите врз населените места.
Близу 400.000 цивили во Источна Гута се постојана цел на напади од силите лојални на режимот на Асад, кој не дозволува доставување на хуманитарна помош во подрачјето.