Betül Yürük
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Големо снежно невреме со силен ветер го погоди источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси и Масачусетс е прогласена вонредна состојба.
Властите на Њујорк ги предупредија граѓаните дека снежното невреме ќе потрае и денес, апелирајќи да не се излегува надвор доколку не постои неопходна потреба.
Исто така, над два милиони жители во подрачјето на Нова Англија останаа без електрична енергија.
Снежното невреме кое го зафати источниот брег го парализираше и воздушниот сообраќај на тоа подрачје.
Како што наведуваат локалните власти, досега се откажани над 2.600 летови.
Невремето го наруши и функционирањето на железничкиот сообраќај, а националната компанија „Амтра“ соопшти дека се откажани три воза што ги поврзуваат Вашингтон и Бостон.
Да потсетиме, на почетокот од јануари оваа година, истокот на САД, исто така, беше зафатен од голема снежна бура. Тогаш беше парализиран воздушниот сообраќај во Њујорк, а во Бостон дојде до големи поплави.