Emin Avundukluoğlu
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
СИРТ (АА) - Од безбедносни извори утринава се дознава дека турската полиција неутрализирала две терористки на ПКК во југоисточната турска област Сирт, во судир до кој дошло при упад во нивните домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Двете терористки се подготвувале да извршат напад врз локалните единици за спроведување на законот, кога полицијата упаднала во нивните домови во центарот на областа Сирт, велат изворите.
Во судирот кој следеше по упадот на полицијата во нивните домови, двете терористки се неутрализирани, а полициските службеници во оваа операција запленија долгоцевно оружје, два пиштола, 12 гранати и противпешадиска ракетна муниција.
ПКК се наоѓа на листа на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ. Оваа терористичка организација ја продолжи својата долготрајна оружена кампања во јули 2015 година и е одговорна за смртта на околу 1.100 лица од безбедносниот персонал, како и цивили, вклучувајќи жени и деца.