Cüneyt Karadağ
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
СОЛИНГЕН (AA) - Германската канцеларка Ангела Меркел го покани претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во германскиот главен град Берлин, по изборите кои ќе се одржат на 24 јуни во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, кој се наоѓа во посета на Германија, во изјава за медиумите истакна дека Меркел го поканила Ердоган во Берлин по изборите на 24 јуни, и дека оваа покана ќе ја достави до турскиот претседател.
Од друга страна, Чавушоглу оствари средба со неговиот германски колега, Хеико Мас.