Emre Aytekin
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот ланец на кафетерии „Старбaкс“ привремено ќе затвори 8.000 кафетерии низ земјата поради едукација на вработените за расизмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Популарниот ланец на кафетерии соопшти дека во попладневните часови ќе бидат затворени илјадници кафетерии поради планиранa едукација на 175.000 вработени.
Едукацијата со назив „Несвесни предрасуди“ има за цел подигнување на свеста за можните предрасуди на персоналот кон лицата од различни раси и пол.
По едукацијата, која ја поддржаа различни невладини групи и организации, ќе биде прикажан и документарен филм за напредокот постигнат во областа на расната рамноправност од 1960 година во САД.