Yusuf Özcan
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
ПАРИЗ (AA) - Францускиот претседател Емануел Макрон во своето обраќање до нацијата, прв пат од протестите во оваа држава, вети дека ќе ги зголеми минималните плати и ќе направи одредени даночни отстапки, јавува Anadolu Agency (AA).
„Минималната плата ќе биде зголемена за 100 евра од јануари следната година, а прекувремената работа нема да биде оданочувана", рече Макрон.
Исто така, од работодавачите побара на вработените на крајот на годината да исплатат бонуси кои нема да бидат оданочувани, додавајќи дека верува оти кризата во земјата ќе биде решена.
„Многу други земји поминуваа низ потешки моменти. Ќе најдеме излез од кризата", рече Макрон.
Напомена дека во Франција е на дело економска и социјална вонредна состојба, а граѓаните ги повика да му пружат поддршка и заедно да работат на решавање на проблемот.
Најави и откажување на зголемување на стапката на данокот кој ги тангираше пензионерите со најниски пензии.
„Во последите 40 годни имавме цели села и квартови во кои јавните услуги и животните услови уништени. Имаме многулуѓе чиј социјален статус не е препознаен на вистински начин. На кукавички начин се привикнавме на тоа и се упатуваше на тоа дека тие слоеви на општеството се заборавени", рече Макрон.
- Протестот беше „длабок, но и оправдан"
Францускиот претседател истакна дека протестот бееш „длабок, но и на многу начини оправдан", додаваји дека разбира и дека многумина граѓани чувствувале одредено незадоволство.
„Многумина беа незадоволни од условите за живот и се чувствуваа како никој да не ги слуша. Јас го преземам својот дел од одговорноста. Можеби оставив впечаток дека имам некои други приоритети", рече Макрон.
Сепак, нагласи дека во претходните денови имало многу насилство на улиците на Франција и дека таквите дела ќе бидат казнети.
„Видовме толку насилство кое е неприфатливо и сакам најпрвин да ви кажам дека тие насилни дела ќе бидат казнети. Сите сведочевме на глетки, како луѓе кои кршеа прозорци и бараа начини со ова движење да предизвикаат немири. Нашата слобода постои само затоа што сите можеме да го изразиме своето мислење. Кога ќе се зголеми насилството, ја губиме својата слобода", рече Макрон.
Истакна дека е многу важно да се сочува единството и да се мисли на иднината.
Потсетуваме, на протестите одржани во сабота во Франција, присуствуваа 136.000 луѓе, соопштено е од Министерството за внатрешни работи на оваа држава. Во соопштението се наведува дека во нередите до кои дошло за време на протестите, кои ги организираа „Жолтите елеци", приведени се 1.220 луѓе.