Kasım İleri
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Според најновите податоци, во оружениот напад извршен во Лас Вегас, во американската сојузна држава Невада загинаа најмалку 59 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Шерифот на полицијата на Лас Вегас, Џо Ломбардо, изјави дека бројот на повредените се зголемил на 527.
Во хотелската соба каде што престојувал напаѓачот Стефан Падок (64) пронајдени се 16 автоматски пушки, а во неговиот дом се пронајдени 18 пушки и поголема количина муниција. Покрај тоа, во возилото на напаѓачот беше пронајден амониум нитрат.
Во местото Кларк, каде што се случи нападот, беше прогласена вонредна состојба.
Од друга страна, таткото на напаѓачот, Бенџамин Хоскин Падок се наоѓал на листата на потерници на ФБИ.
Во извештајот од 1969 година се наведува дека Бенџамин Хоскин Падок е на листата за потерници на ФБИ, баран поради грабеж на банка, кражба на автомобил, носење оружје, а опишан е како „психопат, вооружен и опасен“.
Во тек е истрагата зошто Стефан Падок извршил напад во Лас Вегас.
Претходно, претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека в среда ќе го посети градот и издаде наредба знамињата во земјата да се симнат на половина копје.