Bilgin S. Şaşmaz
10 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
ЧИКАГО (АА) - Неколку стотици граѓани се собраа синоќа на комеморацијата што се одржа во центарот на Чикаго за 58 убиени лица во неодамнешниот оружен напад во Лас Вегас, јавува Anadolu Agency (AA).
Комеморацијата на централниот плоштад „Федерал Плаза“ го организираше здружението „Мајки на Чикаго“.
Собирот започна со едноминутно молчење и со молитва за настраданите во оружениот напад којшто во Лас Вегас го изврши американскиот државјанин Стивен Падок.
Граѓаните протестираа и поради недостатокот на контрола при продажбата на оружје во САД.
„Не, на оружјето“, „Твоето оружје не е моја сигурност“, и „Ваквите закони не ги штитат граѓаните“ се дел од слоганите што демонстрантите ги извикуваа на собирот.