Ekip?
09 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
КИЕВ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи ја одлуката на САД да го суспендира издавањето на визи за турските државјани, истакна дека таквиот чекор е многу разочарувачки, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оваа одлука пред сè е многу, многу разочарувачка. Всушност, разочарувачки е што амбасадата во Анкара донесе ваква одлука и нареди нејзино спроведување. Официјалните претставници на нашето Министерство за надворешни работи, откако дознаа за овој развој на настаните, контактираа со релевантните соговорници со цел да се преземат неопходни акции“, рече Ердоган по состанокот во Киев со претседателот на Украина, Петро Порошенко.
Тој нагласи дека Република Турција е правна држава, а не племе.
„Турција е правна држава. Ние не сме племе, не сме племенска држава“, рече Ердоган, потсетувајќи дека Турција ја донесе истата одлука откако американската амбасада во Анкара соопшти дека го суспендира издавањето визи во сите неимигрантски барања во сите дипломатски претставништва во Турција.
Во врска со односите со Украина, тој нагласи дека врските меѓу двете држави секојдневно стануваат сè посилни.
„Нашите односи со Украина, пријателскиот и стратешки партнер, секојдневно дополнително се развиваат и интензивираат. Нашите односи сигурно се развиваат во духот на пријателството, солидарноста и соработката“, рече Ердоган.
Ердоган престојуваше во посета на Киев, по што вечерва ќе простигне во Србија.