Enes Kaplan
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, остро го осуди нападот во Лас Вегас во којшто загинаа најмалку 50, а ранети се повеќе од 400 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Остро го осудувам терористичкиот напад што се случи во градот Лас Вегас во САД. Со желба нешто слично да не се повтори, во името на турскиот народ изразувам сочувство до целиот народ на САД, особено до семејствата на жртвите“, истакна Ердоган на социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер).
Вооружениот напаѓач Стивен Падок (64) од Невада пукаше во толпата на фестивалот за кантри музика кај хотелот и казиното „Мандала Беј“, во јужниот дел на централниот булевар во Лас Вегас, спроти Меѓународниот аеродром „McCarran“ (Меккаран).
Полицијата трага по жена со име Марилу Данли, за која се претпоставува дека е со азиско потекло.