Haydar Hadi
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, соопшти дека ирачките сили започнале операција за ослободување на подрачјето на Ал Каим во покраината Анбар, кое е под контрола на терористите на ДЕАШ веќе три години, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашите сили тргнаа во акција за ослободување на Ал Каим, како последно упориште на терористите на ДЕАШ во Ирак. Војската тргна кон Рави и кон другите делови на подрачјето. Оваа област повторно биде вратена под контрола на ирачките власти. Смртта или предавањето се единствените две опции кои ги имаат терористите на ДЕАШ“, порача Ал Абади.
Иако станува збор за помал град на ирачко -сириската граница, Ал Каим епитетот упориште на ДЕАШ го доби откако стотици терористи во него пристигнаа од ослободените Мосул, Тел Афер и од други градови на Ирак.
Ал Каим воедно е и важен комуникациски коридор помеѓу терористите на ДЕАШ во Ирак и соседна Сирија, така што ирачката војска неговото ослободување го смета за стратешка цел.