Besar Ademi
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на Денот на Републиката - 2 август, изјави: „Европската Унија е единствената сила што ги мотивира нашите држави и општества доброволно да се трансформираат, затоа сѐ уште недостасува втората половина на слободата, а тоа е европска Македонија во европски Балкан”, јавува Anadolu Agency (AA).
Иванов, зборувајќи за историјата на Македонија, истакна дека за да се создадат услови за просперитет во еден глобализиран свет, неопходно е за земјата да биде дел од Европската Унија (ЕУ).
„Нам во сите години на независност ни се скратува правото на просперитет. Иако ги исполнивме критериумите за членство во НАТО и за почеток на преговорите со Унијата, кон нас беше направена неправда. Ниту една земја-членка на својот европски пат не се соочувала со прашањата на кои ние секојднено трошиме време, енергија и трпение. Од ниту една друга земја-членка не се бара она што се бара од нас, негирање на правото на човечко достоинство и на самоидентификација. Ова не е алиби за грешките и за пропустите што сме ги направиле досега, но додека ние бевме преокупирани со неправдите коишто ни се нанесуваа, со негирањата и двојните стандарди, светот околу нас се промени“, рече Иванов.
Осврнувајќи се на историјата на Македонија, Иванов истакна дека за да се создадат услови за просперитет во еден глобализиран свет, неопходно е земјата да стане членка на Европската Унија.
Според него, поради македонскиот идентитет, на државата и се негира правото за да просперитет, а во такви околности, додаде тој, има две прашања кои се однесуваат на јавноста, спорот за името со Грција и прашањето за Договорот за добрососедски односи со Бугарија.
„Ако започнеме да ги отвораме старите рани лесно ќе најдеме причини за кавги. Затоа, уште на почетокот јасно посочив дека со Бугарија треба да ги славиме амо светлите датуми од заедничката историја на нашите две соседни, суверени и рамноправни држави. Таа заедничка историја започнува на 15 јануари 1992 година, кога Република Бугарија, под водството на претседателот Жељу Жељев прва ја призна независноста на Република Македонија“, изјави Иванов.
Македонскиот претседател во чест борците на Илинден и на нивните цели, рече еден од тие цели беше и создавањето на широк македонски фронт на кој ќе има простор за сите чесни Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Ромите или Босанци, без оглед на идеолошка или политичка припадност.
„Да ги оставиме настрана меѓусебните обвинувања и погубните реваншизми. Да се сплотиме околу државните и националните интереси на Република Македонија, затоа што само сплотени ќе успееме да изградиме европска Република Македонија, и со тоа конечно да го изодиме патот до слободата“, истакна Иванов.
Инаку, Република Македонија го одбележува празникот на двата Илиндена, годишнината од Илинденското востание против османлиската држава, како и годишнината на „Првото заседание на АСНОМ” (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија). По тој повод, претседателот Ѓорге Иванов, делегации од Владата, Парламентот, политичките партии и на дипломатскиот кор положија венци на споменикот на АСНОМ, споменикот на Никола Карев и споменикот на претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто во Скопје.