Besar Ademi
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на церемонијата за одбележување на „Денот на Републиката”, 2 август, во црквата „Свети Спас”, апелираше „да го надминеме минатото и сегашноста за иднината на Македонија”. Тој истакна дека историјата и минатото се силни темели преку кои почнаа да ја градат европската и евроатлантската иднина на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашите генерации минаа низ предизвиците и се бореа за право, за слобода и за човечки животи. Нашите генерации ја одбраа и ја одбранија слободната иднина, и тргнати сме чекор понатаму кон стабилна иднина. Патот за Република Македонија конечно е отворен, бидете сите горди за овој успех. Успехот не е на еден човек, застанавме заедно, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и други. Успехот не е на една група или на една политичка партија, паѓавме и се кревавме заедно. Успехот е заеднички, на сите, без разлика на вера, етничка припадност, пол или уверување. Успехот е на оваа наша Македонија", рече Заев.

По повод оваа прослава, Заев беше придружуван од својот бугарски колега, Бојко Борисов, кои заедно положија венци на гробот на Гоце Делчев. Според премиерот Заев, Македонија даде пример за тоа како да се движат напред, истакнувајќи дека „Македонија испружи рака и раката се испружи за неа. Бугарија ја покажа истата одговорност за заедничките цели“, рече Заев.
Премиерот Борисов престојува во посета на Македонија од вчера, кога го потпиша Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со својот македонски колега. По свеченоста во црквата „Свети Спас“, тој заедно со бугарската владина делегација ќе замине за Софија.
На Денот на Републиката, Македонија го одбележува празникот на двата Илиндена, годишнината од Илинденското востание против османлиската држава, како годишнината на „Првото заседание на АСНОМ” (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија). Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласи Крушевската Република и стана нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.
Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.