Ekipa
25 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
ГАЗИАНТЕП (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес уште еднаш ја истакна одлучноста на Турција, додавајќи дека неговата земја ќе го врати Aфрин на неговите сопственици, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган за бројните актуелни прашања говореше на Конгресот на Партијата за правда и развој (АК Parti) што се одржа во областа Газиантеп, на југот на Турција.
Тој повтори дека Африн ќе им биде вратен на вистинските сопственици.
„Дали тоа го направивме во офанзивата 'Штитот на Еуфрат'?“ Дали тоа го направивме во Џарлаблус? Дали тоа го направивме во Раиџ? Дали го направивме тоа во Ал-Баб? Ќе го сториме тоа и во Африн, и во Идлиб и во Мунбич. Кој е сопственик на тоа подрачје, тој ќе дојде, а не оние кои не се“, рече Ердоган.
Тој потсети дека околу 140.000 Сиријци се вратиле во своите домови и почнале да живеат на територијата ослободена во офанзивата „Штитот на Еуфрат“.
Ердоган рече дека по операцијата во Aфрин, мислејќи на опреацијата „Маслинова гранка“ која се спроведува во северозападниот дел на Сирија, Сиријците ќе можат да се вратат во своите домови.
Тој, исто така, додаде дека нема откажување од борбата сè додека терористите во Сирија не бидат поразени.
Турскиот претседател го нарече убиец сирискиот претседател Башар ал-Асад.
„Зарем тој не уби речиси еден милион свои жители? Како светот го штити овој човек? Како стои со него?“, праша Ердоган.
Тој додаде дека Турција никогаш не била со тираните.
Во текот на неговото обраќање, Ердоган истакна дека за време на операцијата „Маслинова гранка“ досега биле неутрализирани вкупно 2.021 терористи.
Турскиот претседател порача дека ќе се продолжи и во борбата против терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за државен удар во таа земја во 2016 година, во кој загинаа 250, а беа повредени околу 2.200 луѓе.
Пред Конгресот, Ердоган истакна дека Турција секогаш чекорела заедно со своите сојузници, дека не ги предала, но исто така и дека не ги почитува оние што предале.