АНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателството на Турција Ибрахим Калин изјави: „Деталите на договорот според кој на стотици терористи на ДЕАШ ја напуштија Рака уште еднаш го покажа недостаток на политика на договор со една терористичка организација за борба против друга терористичка организација. Прашањето кое никој отворено не сака да го запраша Вашингон за да не го вознемири е: Ослободените терористи во кој светски град ќе се појават како бомбаши-самоубици?”, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на претседателството на Турција Калин, за весникот Дејли Сабах напиша статија под наслов „Ослободените терористи од Рака кој светски град ќе го нападнат?”
Во својот напис Калин зборувајќи за граѓанската војна во Сирија која трае веќе 6 години, посочува дека таа, благодарение на геополитичките пресметки и игри за власт, успева да остане во центарот на настаните. „Во нормални услови би требало да заврши војната по поразите на ДЕАШ и останатите терористички организации на територијата на Сирија и би започнал процес на демократија, кој опфаќа формирање влада и обезбедување на политичко решение кој ќе го следи тој процес. Критично прашање во овој случај е дали процесот во Женева и/или Астана може да обезбеди такво нешто и доколку може, како тоа би било”, пишува Калин.
Калин во статијата истакна дека во последните две години, сите големи регионални актери на некој начин се дел од кризата во Сирија, „Не преземањето на никаков сериозен чекор од страна на администрацијата на Обама која рече дека е премината „црвената линија” со употребата на хемиско оружје во Гута, е окарактеризирано како геостратегиска можност по влегувањето на сојузот Русија-Иран на теренот во Сирија. Како последица на тоа, кризата во Сирија се прошири и во блиското минато, беа извршени невидени злосторства, кои на еден деструктивен начин предизвикаа до продолжување на војната. Нема простор за независно размислување од колосалните грешки направени во неможност да се запре забрзаното издигнување на ДЕАШ на територијата на Сирија и масакрите кои режимот на Асад ги изврши врз населението.”
„Ќе создаде закана од аспект на националната безбеност на соседните земји”
Портпаролот Калин во својата статија моменталната состојба во Сирија ја проценува на следниот начин:
„Американците се фокусираат на ДЕАШ и за таа цел го вооружуваат ПЈД-ЈПГ, огранокот на ПКК во Сирија. По поразите кои му беше нанесени на ДЕАШ во Рака и останатите подрачја, сега САД е во потрага по нови изговори кон Турција околу дадените гаранции за 'привремени и повремени односи со ПЈД-ЈПГ'. Деталите на договорот според кој на стотици терористи на ДЕАШ ја напуштија Рака, уште еднаш го покажа недостаток на политика на договор со една терористичка организација за борба против друга терористичка организација. Прашањето кое никој отворено не сака да му го постави на Вашингон за да не го вознемири е: Ослободените терористи во кој светски град ќе се појават како бомбаши-самоубици?”
Калин во својата статија вели дека според една друга анализа, САД под изговор на ДЕАШ и ПЈД/ЈПГ, се обидува да остане во источниот дел на Сирија, како баланс на сојузништвото на Русија-Иран, истакнувајќи: „Некои коментатори потсетуваат дека за таа цел во источниот дел на Сирија има голем број точки во кои се присутни американските војници и во тие подрачја е испратена сериозна бројка на американски воени екипи. Врз основа на тоа, може да се заклучи дека САД планира долготрајно да остане во источниот дел на Сирија. Но што и да се намерите и плановите на САД, политиката на поддршка на продолжетокот на ПКК во Сирија, ќе влијае врз територијалниот интгритет на Сирија, ќе ја ослабне можноста за изнаоѓање на мирно решение на кризата во Сирија преку средбите во Женева/Астана и ќе создаде закана од аспект на националната безбеност на соседните земји”.
Калин истакна дека се во исчекување дали САД ќе го одржи даденото ветување „Откако ДЕАШ ќе ја напушти Рака, ќе го раскинеме нашето сојузништво со ПЈД/ЈПГ”
„Победите во последните две години го гледаат како сопствен успех”
Портпаролот Калин истакна дека во овој период, борбата на Русија и Иран против ДЕАШ е со цел да се овозможи опстанок на власт на режимот на Асад. „Во последните две години, спречувањето на уривањето на режимот на Асад, отстранувањето на терористичката закана од ДЕАШ, ослабувањето на опозицијата наспроти Асад и колосалните геополитички придобивки наспроти коалициските сили предводени од САД ги гледаат како свој успех”, наведе во статија Калин.
Калин истакна дека во сите сценарија за политичко решение, треба да се обезбеди територијалниот интегритет на Сирија, ослободување на целата територија на Сирија од терористичките организации и истовремено, отстранување од Сирија на сите странски платеници кои се борат за режимот, за ПЈД/ЈПГ или останатите терористички елементи.
Калин истакна дека е потребна подготовка на платформа за слободни и фер избори, која ќе ги опфати сите актери во Сирија и формирање на преодна влада, додавајќи дека е потребно во Сирија да се напише нов Устав кој ќе им гарантира демократија, слобода, владеење на правото и еднаквост на сите Сиријци.
„Нема место за Асад во иднината на Асад”
Портпаролот Калин околу однесувањето на терористичките органзиции ПЈД/ЈПГ, во својата статија наведе:
„Прашањето за ПЈД/ЈПГ продолжува да биде црвената линија на Туција. Овие терористички организации бидејќи се продолжеток на ПКК, која како терористичка организација се прифатени од САД, ЕУ и останатите европски земји, не може да бидат партнер во никакво почитичко решение. Нивното гледање како претставници на Курдите од Сирија, во најмала рака претставува непочитување на сирискиот народ. Голем број Курди себеси не се поистоветуваат со ПКК и се противат на нивната идеологија и политичкото гледиште. Тие многу пропатија од сирискиот огранот на ПКК, но не можат да се чујат гласовите на овие луѓе, поради постоечката политичката состојба. Потребно е на овие луѓе да им се овозможи простор што го заслужуваат во иднината на Сирија”.
За субината на Башар Ал Асад, Калин во својата статија вели дека тоа продолжува да е тема за дискусија, истакнувајќи: „Очигледно е дека Асад не е личност кој ќе им овозможи демократија на сите во Сирија. Сосема е јасно дека доколку пред сирискиот народ се постават сите злосторства кои ги изврши врз нив, раководната функија нема да му биде доделена. Нема место за Асад во иднината на Сирија. Русија и Иран треба да сфатат дека одржувањето на режимот на Асад не е пат кој ќе ги заштити интересите на Сирија”.
Калин продолжи со зборовите:
„Претседателот на Турција Ердоган, претседателот на Русија Путин и Хасан Рухани на 22 ноември ќе остварат тројна средба во Сочи, каде ќе бидат разгледани овие теми. Оваа средба е дел од Самитот во Астана и не е алтернатива на Самитот во Женева, туку на него треба да се гледа како елемент кој ќе го надополни. За да може од двете платформи да се извлечат трајни решенија, потребно е сите страни да се придржуваат до параметрите дадени со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации и да бидат со пристап кој на сите Сиријци ќе им обезбеди слобода и безбедност. Не треба да го заборавиме насиството, неописиво со зборови што го преживеа сирискиот народ во последните 6 години”.