Kemal Karadağ
18 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара порача дека турските сили успешно ќе ја завршат операцијата во сириски Идлиб, и ќе го ослободат и градот Африн од терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мунбиџ ќе го вратиме на неговите вистински сопственици. И другите региони ќе ги исчистиме од тероризмот. Сите терористички бари во Ирак кои претставуваат опасност по Турција започнувајќи од Кандил, се ќе исушиме. Нема да останеме неми ниту на случувањата во Либија. Со својата сила ќе работиме на гасење на пламенот кој се обидува да се распали во Заливот за да биде спречен огнот на војната меѓу браќата“, изјави Ердоган.