Muhammed Enes Can
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција е отворена истрага против американските правници поради користење на документи од претходните случаи во процес против турски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Републичкото обвинителство во Истанбул е наведено дека е отворена истрага против повеќе американски правници меѓи кои се наоѓаат и поранешниот обвинител Прит Барар и актуелниот обвинител Џон Х Ким, кои се сомничат дека во процес против турски државјани користеле одредени информации и документи од претходните истражни процеси на истанбулското обвинителство.
Нагласено е дека истрагата е покрената врз основа на информации кои се споделени во медиумите и на интернет, а кои се однесуваат на тоа дека се наведени информации и документи користени за време на судскиот процес против турските државјани на Судот на јужниот регион во Њујорк.
Во соопштението пишува дека адвокатот Кетѕ Флеминг, во изјава која под заклетва ја даде пред Судот на Јужниот регион во Њујорк, на 30 октомври 2017 година, наведе дека информациите и доказите преточени во досието, можат да се квалифицираат како украдени, со фалсификувана содржина или непознат извор. Во врска со тоа, покрената е истрага за да се утврди на кој начин се дошло до тие информации.
Од обвинителството исто така се наведува дека со подсредство на Министерството за правда на Република Турција на американските институции не се проследени било какви информации или содржини. На институциите на САД, на 17 ноември 2017 година, упатено им е прашањето кога и на кој начин дошле до спомнатите информации, која или кои лица им и доставиле и каде тие лица се наоѓаат во моментот.