Diyar Güldoğan
22 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
СОЧИ (АА) – Рускиот претседател, Владимир Путин, истакна дека Турција и Иран постигнале согласност околу заедничка декларација за решавање на кризата во Сирија, и рече: „Турција, Иран и Русија останаа усогласени околу одржувањето на Националниот конгрес за дијалог на Сирија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин на прес-конференцијата одржана по тројниот самит за Сирија кој се одржа во Сочи, упати благодарност до турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Иран, Хасан Рухани поради реализираните конструктивни разговори.
Рускиот претседател информираше дека е потпишана заедничка декларација меѓу Турција, Русија и Иран за решавање на кризата во Сирија.
„Со оваа декларација се одредуваат чекорите кои ќе се направат во Сирија меѓу трите земји гаранти“ додаде тој.
Претседателот Путин нагласи дека на самитот разговарале околу повторно градење на Сирија од социјален и економски аспект.
„Би сакал да изразам задоволство поради она што турскиот и иранскиот лидер поизитвно реагираа на идеата околу Конгресот за национален дијалог за Сирија со цел решавање на кризата во Сирија. Турција, Иран и Русија останаа усогласени околу одржувањето на Националниот конгрес за дијалог на Сирија. Дадени се инструкции на нашите министри за надворешни работи, одбрана и други надлежни власти за одредување на датумот и структурата на овој конгрес кој ќе се одржи во Сочи“ истакна рускиот претседател Путин на прес-конференцијата одржана по тројниот самит за Сирија.