Sefa Şahin
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Проф. Др. Али Ербаш, претседателот на Управата за верски работи на Република Турција (Дијанет) за одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со Ерусалим рече дека е непромислен чекор, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е непромислен чекор со кој се игнорирани човештвото, традицијата и меѓународното право. Оваа постапка претставува и обид на неправеден начин на палестинската територија Ерусалим да се признае за главен град на Израел“, наведе Ербаш.
Тој нагласи дека Ерусалим, како прва кибла во исламот, овие денови е изложен на крајно неправедна постапка, потсетувајќи дека Ерусалим низ историјата бил најдобар пример на моделот за единство во различноста.
„ Ерусалим не е само прашање за муслиманите кои живеат во Палестина и во близина на Ал Акса, туку е заедничко прашање на муслиманите на целиот свет. Ерусалим и Ал Акса се радосна вест и аманет на пратеникот Мухамед на сите муслимани“, изјави претседателот на Управата за верски работи на Република Турција.
Тој нагласи и дека статусот на градот Ерусалим не е само политичко прашање.
„ Статусот на Ерусалим не може да се разгледува само како политичко прашање. Тоа не е само дел на територија на некоја земја. Тој град во историјата на исламот имаше епитет на место на мир кое муслиманите внимателно и грижливо го чуваа. Тоа денес сака да се наруши, а со ваквиот обид очигледно местото на мир сака да се претвори во место на судири“, изјави Ербас.
Тој исто така додаде дека предавањето на градот Ерусалим на малцинство кое нема милост би резултирало со исчезнување на здравиот разум и страдањата на целото човештво.
Тој посочи дека последната одлука на САД за Ерусалим е удар на соживотот на културите, мирот, просперитетот и безбедноста.
На самиот крај нагласи дека Управата за верски работи на Република Турција (Дијанет) и понатаму ќе пружа секаков вид на поддршка на палестинскиот народ.
Трамп на синоќешната прес-конференција соопшти дека е време Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел. Американскиот претседател во таа пригода кажа дека веќе ѝ дал инструкции на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.