Enes Kaplan
15 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
ДОХА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Доха оствари средба со емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, а по средбата потпишани се низа договори меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
По билатералниот состанок на Ердоган и Ал Тани, во Доха се одржа и третиот состанок на Високиот стратешки комитет на Турција и Катар, по што, во присуство на Ердоган и Ал Тани, беше изведена и церемонијата на потпишување на договорите.

Меморандумот за разбирање на полето на банкарството го потпиша претседателот на Централната банка на Турција, Мурат Четинкаја и претседателот на Централната банка на Катар, Шеик Бин Суд ал-Тани.
Меморандумот за разбирање во врска со соработката на полето на туризмот го потпишаа турскиот министер за култура и туризам, Нуман Куртулмуш и катарскиот министер за економија и трговија Шеик Ахмед бин Јасим бин Мухамед ал-Тани.
Исто така, потпишани се и Меморандум за разбирање во врска со соработката во областа на правното и правосудното образование, Изјава за намера во однос на соработката на полето на метеорологијата, Договор за соработка во братските пристаништа, Договор за соработка на правосудството во кривичните области, Меморандум за разбирање на полето на безбедноста на храната.
Потпишан е и Протоколот за соработка помеѓу Радио-телевизија Турција (TRT) и Катарската медиумска корпорација (QMC), Меморандум за разбирање на полето на истражувањата помеѓу турската Организација за научни и технолошки истражувања (TUBITAK), Центарот за научни истражувања (BILGEM) и Катарскиот државен универзитет, како и Меморандум за разбирање и Заедничка декларација во областа на хуманитарната помош.