Hülya Çorakçı Ertan
23 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека со Трамп и Путин разговарал за операцијата „Маслинова гранка" и порача дека Турција нема да направи чекор назад, бидејќи секогаш била со угнетените, никогаш со тираните, јавува Anadolu Agency (AA).
„За овие работи (операцијата Маслинова гранка) минатата ноќ разговарав со американскиот претседател Трамп. Претходно разговарав со претседателот Путин. Порачав дека ние одовде не можеме да направиме чекор назад. Ние сме со жртвите, со угнетените. Овој народ низ историјата правеше чекори кои беа со жртвите и угнетените. Никогаш не сме биле со тираните", порача Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган денеска изјави дека рече по Африн следува воена операција во Идлиб и Мунбич.
„Работата не завршува со Африн, следуваат Идлиб и Мунбич", рече Ердоган, истакнувајќи дека борбата на Турција против тероризмот ќе продолжи сѐ додека не се елиминираат сите терористички закани долж нејзините граници.
Турскиот претседател, исто така рече дека до денска во операцијата „Маслинова гранка“ се неутрализирани повеќе од 3.700 терористи.