Diyar Güldoğan
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Осомничените или обвинетите за кршење на уставниот поредок на Република Турција ќе носат посебни уноформи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е објавено во турскиот Службен весник, според новата уредба, обвинетите или осомничените ќе носат кафеави или сиви униформи за време на нивното појавување на суд.
Во весникот се вели: Кафеава униформа ќе носат оние кои извршиле обид да поништат наредби пропишани со турскиот Устав преку употреба на сила и насилство или да ги заменат наредбите со други или пак го спречиле спроведувањето на редот и се обиделе да ја ослабнат турската власт со употреба на сила и насилство или пак да ја спречат во нејзиното вршење на својата должност, делумно или целосно“.
Оние кои имаат направено: „Обид за поткопување на Големото народно собрание на Р. Турција или спречиле тоа делумно или целосно да ја извршува својата должност, лицата кои се товарат за вооружени бунтови против турската влада, за атентат и напад врз претседателот, лицата кои се товарат за злосторства против безбедноста на државата и за злосторства против уставниот поредок ќе носат сива униформа“.
Според уредбата, женските осомничени или осудените лица се ослободени од носењето на униформата. Одредбите од уредбата нема да важат за децата и за бремените жени.
Во јули, претседателот Реџеп Таип Ердоган предложи осомничените лица од терористичката организација ФЕТО да носат униформи кога ќе се појават пред судија.
Предлогот дојде откако осомничен на ФЕТО - кој беше дел од групата што се обиде да изведе атентат на претседателот Ердоган во ноќта на обидот за државен удар - на суд се појави во маица со натпис „Херој“ на англиски јазик, што предизвика вознемиреност кај јавноста.