Sinan Uslu
24 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган упати честитки по повод претстојниот католички празник Божиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пораката на Ердоган се наведува дека територијата на Анадолија отсекогаш била засолниште за оние кои бегаат од конфликти, насилство, војни и на различни притисоци.
„Како припадници и следбеници на нашата традиција, која се базира на почитување на слободата на мислата, верување и човекови права, присуството на различни религии и култури на нашата географија го сметаме за многу драгоцено богатство", порача Ердоган.
Тој додаде дека овој пристап, кој е основа на единство и солидарност и мир и сигурност на турскиот народ, и понатаму продолжува да биде најважниот сила која ќе им овозможи на турскиот народ и во иднина да живее во мир и единство.
На крајот на пораката, Ердоган со најискрени желби упати честитки на сите христијани кои го одбележуваат престојниот празник Божиќ.