Emin Avundukluoğlu
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара порача дека целите на акцијата во сирискиот град Идлиб во значителна мера се исполнети, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на состанокот на парламентарната група на Партијата за правда и развој (AK Parti), Ердоган порача: „Целите на акцијата во Идлиб во голема мера се исполнети. Во следниот период пред нас е темата за Африн. Тука нема да правиме какви било отстапки“, порача Ердоган.
Во рамките на операцијата, во согласност со договорите постигнати на мировните преговори во Астана, турските трупи беа задолжени за следење на прекинот на огнот и воспоставување нa низа набљудувачки места долж линијата меѓу сириските подрачја Идлиб и Африн.
По преминот на границата, турските трупи беа првично распоредени во близина на Африн кој се наоѓа долж турската граница и кој во моментот е под контрола на терористичката група ПКК.
Откако ПКК ја започна својата терористичка кампања во Турција во 1984 година, околу 40.000 лица загинаа вклучувајќи 1.200 од јули 2015 година.
Распоредувањето на Турција е во согласност со договорите постигнати во Астана од страна на трите земји-гарантори: Турција, Русија и Иран.
Во периодот на распоредувањето, турските трупи се очекува да постават над 10 набљудувачки места во Идлиб.
Додека турската армија има задача да постави набљудувачки места во централен Идлиб, Русија е задолжена да го стори истото во периферните подрачја.