İlkay Güder
03 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
БАМАКО (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во текот на посетата на Мали изјави дека муслиманите секогаш биле примарна мета на терористичките организации како што е ДЕАШ, Ал Каеда, и Боко Харам и дека во таа смисла се очекува поголема чувствителност на западните земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Доколку искрено ќе се води борба против тероризмот, тогаш таков став треба да заземат сите земји", порача Ердоган на конференцијата за медиумите по состанокот со претседателот на Мали Ибрахим Бубакар Кеита.
Турскиот претседател Ердоган присуствуваше на потпишувањето на договорот помеѓу двете земји. По потпишувањето рече дека Турција никогаш не го гледала, ниту ќе го гледа Мали, како некоја далечна земја.
„Уште повеќе ќе го зајакнеме нашето присуство на африканскиот континент", порача Ердоган.
Рече дека според последните информации, во рамките на операцијата Маслинова гранка во Африн се неутрализирани 2 348 терористи.
„Ќе ја продолжиме оваа борба се додека не ги исчистиме терористите од ова подрачје. Нема застанување, ќе го продолжиме патот. Моментално во Сирија се продолжува нашата борба против терористичките организации", истакна турскиот претседател во текот на посетата на Мали.
Потсети дека Мали, многу претрпе поради тероризмот.
„Ние ја почувствувавме и ја чувствуваме таа болка. Поради тоа добро знаеме што тоа значи. Спремни сме и понатаму да пружиме секаков вид поддршка на начин како што и до денес пружавме", појасни Ердоган.
Турскиот претседател по посетата на Алжир, Мауританија и Сенегал, во рамките на африканската турнеја, допатува и во Мали. На Меѓународниот аеродром во Бамако го дочека претседателот на таа земја Ибрахим Бубакар Кеита.
Претседателот на Република Турција од понеделник, 26. февруари престојува во шестдневна посета во четири земји од африканскиот континент, во рамките на оваа турнеја Ердоган го посети Алжир, Мауританија, Сенегал и денеска Мали.