ПАРИЗ (AA) - Со натпреварот помеѓу домаќинот Франција и Романија вечерва во 21 часот на „Stade de France“ пред повеќе од 80.000 луѓе започна Европското првенство во фудбал, кое ќе трае до 10 јули. Титулата на шампионот на Стариот континент ќе ja брани Шпанија а за прв пат во историјата на ова натпреварување за титула ќе се борат 24 репрезентации, наведува Anadolu Agency (AA).
Шпанците на Еуро 2016 ќе имаат прилика да станат првата репрезентација која три пати по ред го освои насловот на шампионот. Пред 4 години на првенството во Полска и Украина веќе влегоа во историјата како прва селекција која ја одбрани титулата шампион на Европа. Селекторот Винсенте дел Боске во Франција доаѓа со изменет состав во однос на оној кој последните неколку години доминираше со светскиот и европскиот фудбал. Вистина и понатаму тука се Икер Касиљас, Анред Иниеста, Давид Силва, Серхио Рамос, Цеск Фабрегас, неизоставните членови на репрезентацијата која од 2008 година освои два наслови од европскиот и еден од светскиот шампион. Меѓутоа, дел Боске по дебаклот на минатото Светско првенство во Бразил во Франција доаѓа со значително подмладен состав, па можеби поради тоа фудбалските стручњаци на Шпанија и даваат нешто помалку шанси за освојување на титулата во однос на домаќинот Франција и актуелниот светски шампион Германија
„Триколорите“ со нетрпение го очекуваат стартот на натпреварувањето на нивното тло. Селекторот Дидиер Дешамп се соочи со бројни проблеми пред Европското првенство. Имаше тука се, од „секс афера“ во која учествуваа Карим Бензема и Матие Валбуена, па до неодамнешната повреда на Рафаел Варан, штоперот на Реал Мадрид. Но, Французите имаат огромен избор на играчи, така да тешко е да се очекува отсуството на повеќе играчи ќе се чувствува. Покрај тоа, ќе ја имаат поддршката од страна на своите навивачи, па многумина Франција ја гледаат повторно на европскиот трон, по 16 години чекање и титулата која ја освоија Зинедин Зидане, Тиери Анри и друштвото.
Веднаш зад домаќинот најголем фаворит за освојување на турнирот на Германија. Јоаким Лев создаде сјајна репрезентација, која речиси прошета на Светското првенство пред две години во Бразил. Од тоа натпреварување многу љубители на фудбалот го паметат брилијантната победа на „елфот“ во полуфиналето против домаќинот со резултат 7:1. Но на овој турнир ги чека голема конкуренција, а не треба да се занемари ниту фактот дека и Лев имаше одредени проблеми со играчкиот кадар. Нема да го има повредениот Марк Ројс, додека Бастиан Шваистангер поради повреда без натпревар од крајот на март. Првиот натпревар, исто така, поради повреда ќе ја пропусти Мац Хумелс. Сепак, Лев го избра да биде меѓу патниците на Еуро. Но, составот на Германија со Месут Озил, Мануел Ноер, Марио Геце, Жероме Боатенг, дефинитивно може секого да победи. Нема сомнеж дека Германците навистина се едни од сериозните кандидати за самиот врв.
Од фаворитите од сенка, вреди да се спомне на големите натпреварувања секогаш непријатната Италија, без оглед во кој состав доаѓа. Тука е и Англија, за која многу од експертите сметаат дека одамна немала подобра репрезентација, па потоа Белгија и Португал. Секако, не е исклучено дека и некоја од репрезентациите кои не спаѓаат во кругот на фаворитите изненади и отиде до самиот крај, како што тоа во 2004 година во Португалија го направи потполниот оутсајдер Грција.
Единствена репрезентација од регионот која обезбеди настап на Европското првенство е Хрватска. Хрватите како и секогаш имаат големи очекувања. Овој пат се можеби и реални бидејќи во своите редови имаат светски sвезди како што тоа е Лука Модриќ (Реал Мадрид), Иван Ракитиќ (Барселона) и Марио Манџуќиќ (Јувентус). Но, многумина во Хрватска го доведуваат во прашање квалитетот на селекторот Анте Чачиќ, кој до преземање на кормилото на националниот тим, најголемо тренерско достигнување му беше нешто помалку од година дена поминати на клупата на Динамо од Загреб. Имаше и полугодишна епизода во Марибор. Сепак, Хрватите со оглед на играчкиот кадар кој го поседуваат можат да се надеваат на успех во Франција. Нивниот хендикеп би можел да биде фактот дека се наоѓаат во една од најсилните групи на ЕП со Шпанија, Турција и Чешка. Доколку се претпостави дека Шпанците се сигурен патник за осмина финалето, тогаш е јасно дека преостанатите три репрезентации ќе водат голема борба за поминување во вториот круг. Турците предводени од харизматичниот селектор Фатих Терим сигурно имаат што да кажат на ЕУРО 2016. До учество на првенството дојдоа благодарејќи на сјајната завршница на квалификациите во кои обезбедија статус на најдобрата третопласирана селекција и влегоа меѓу 24 учесници на ЕП.
На ова Европско првенство ќе играат и пет дебитанти Албанија, Северна Ирска, Исланд, Словачка и Велс. За овие селекции и самото доаѓање во Франција е голем успех, така да што и да направат ќе биде добро. По низа години на големата европска сцена се враќа и Унгарија. Станува збор за нација која има дури четири олимписки злата во фудбал (1952, 1964 и 1968) но последен пат на ЕП играѓе далеката 1972 година кога беше на четвртата позиција. Најголем успех во својата историја на европските првенства Унгарците оствариле 1964 година со освојување на трето место.
Репрезентациите кои би можеле да направат некој вид на изненадување се Австрија, Чешка Република, Шведска, Украина, Полска, Швајцарија. Во групата на потполни аутсајдери, освен спомнатите пет дебитанти, спаѓаат уште Романија, Унгарија и Република Ирса Но, „топката се врти", затоа не треба никој да се отпишува.
- Десет градови, десет стадиони –
Натпреварите од ЕУРО 2016 ќе се играат во десет француски градови и во исто толку стадиони. Најголем е „Stade de France“ кој се наоѓа во Сен Денис во близина на Париз, чиј капацитет е 81.338 места за седење. На „Stade de France“ освен натпреварот на отворање на турнирот ќе играат и финале на 10 јули во 21 часот. Најмалиот стадион на кој ќе се играат натпреварите на ЕП се наоѓа во Тулуз, ќиј стадион „Municipal“ прима нешто повеќе од 33.000 гледачи.Натпреварите од ЕУРО 2016 ќе се играат уште на „Паркот на принчевите“ во Париз, „Велелодром“ во Марсеј, потоа „Park Olympique Lyon“ во Лион, стадионот „Pierre-Mauroy“ во Лил, стадионот „Matmut Atlantique“ во Бордо, стадионот „Geoffroy-Guichard“ во Ст. Етјен, станионот „Allianz Riviera“ во Ница и стадионот „Bollaert-Deleils“ во Ленс.
- Систем на натпреварување –
Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи и ќе се игра со по еднокружен бод систем секој со секого. Во осмина финалето од ЕУРО 2016 ќе се пласираат по две првопласирани репрезентации од секоја група, како и четири најдобри третопласирани селекции. Од осмина финалето се влегува во т.н. нокаут фаза. Во оваа фаза од натпреварувањето во случај по 90 минути да не биде познат победникот ќе се играат продолжетоци, два пати по 15 минути. Доколку ни тогаш нема победник ќе се изведуваат пенали.
- Безбедносни мерки на високо ниво-
Со оглед дека на 13 ноември минатата година се случија серија терористички напади во Париз, во кои се убиени 130 луѓе, за Европското првенство во Франција ќе владеат големи безбедносни мерки. Според неодамнешните наводи на Бернард Казнев, министерот за внатрешни работи на Франција, во текот на Еуро 2016 за да се избегнат евентуалните терористички напади ќе бидат распоредени преку 60.000 припадници на безбедносните сили. Француската полиција нема да се грижи само за безбедноста на стадионите, туку и во фан зоните, каде се очекуваат околу седум милиони посетители.
-Досегашните шампиони на Европа-
Домаќин Франција 1960 година- шампион СССР, Шпанија 1964- Шпанија, Италија 1968 - Италија, Белгија 1972- Западна Германија, СФРЈ Југославија 1976- Чехословачка, Италија Западна Германија, СФРЈ Југославија 1976 - Чехословачка, Италија 1980- Западна Германија, Франција 1984- Франција, Западна Германија 1988- Холандија, Шведска 1992- Данска, Англија 1996 - Германија, Белгија и Холандија 2000- Франција, Португал 2004- Грција, Австрија и Швајцарија 2008 - Шпанија, Полска и Украина 2012- Шпанија.
- Група „A“ -
Франција
Романија
Албанија
Швајцарија
- Група „Б“ -
Англија
Русија
Велс
Словачка
- Група „Ц“ -
Германија
Украина
Полска
Северна Ирска
- Група „Д“ -
Шпанија
Чешка
Турција
Хрватска
- Група „E“ -
Белгија
Италија
Република Ирска
Шведска
- Група „Ф“ -
Португал
Исланд
Австрија
Унгарија
news_share_descriptionsubscription_contact
