Satuk Buğra Kutlugün
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 90 осомничени припадници на терористичката организација ПКК/КЏК се уапсени за време на големата полициска операција која во текот на изминатата ноќ е извршена во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека антитерористичката операција е извршена истовремено во осум турски области.
На подрачјето на Дијарбакир полицијата уапси 80 лица кои се осомничени за членување во терористичката организација ПКК. Преостанатите десет осомничени се уапсени на подрачјето на Истанбул, Мерсин, Ван, Ширнак, Шанлиурфа, Батман и Мардин.
За време на операцијата е запленета поголема количина документи и дигитален материјал кој ќе биде користен во процесуирање на осомничените.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, ЕУ и САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмаку 40.000 лица.