Fatih Hafız Mehmet
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
ЕДРЕНЕ (АА) - Црква од византискиот период стара 1.500 години е пронајдена за време на ископувањата во турската северозападна област Едрене, јавува Anadolu Agencu (AA).
Професорот Енгин Бексач од Одделот за историја на уметност при Универзитетот „Тракија“ е раководител на тимот за ископување на античкиот локалитет Синанкој.
Бексач изјави дека за време на ископувањата откопале остатоци од 1.500 години стара црква која има карактеристики на византиската цивилизација.

Тој нагласи дека првичните докази покажуваат оти црквата била изградена околу 500 година од н. е. и претставува градба од раниот византиски период.
Бексач рече дека неговиот тим ја ископал основата на црквата, при што е утврдено дека базичните камења на градбата се во добра состојба.
„Првичните докази покажуваат дека оваа црква претставува една од најстарите цркви во Тракија“, рече Бексач.
Тракија е регион во северозападниот дел на Турција, кој ги вклучува областите Едрене, Текирдаг и Киркларели.
Професорот Бексач истакна дека постојат остатоци и од Тракијците во Синанкој, или античкиот Прабадон, кој бил важен византиски град.